Dejan Maksimoviç
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ЛИВЕРПУЛ (AA) - Јурген Клоп, менаџерот на Ливерпул, е уверен дека египетскиот напаѓач Мохамед Салах нема да го напушти Енфилд Роуд, бидејќи се чувствува многу пријатно во клубот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Салах игра феноменална прва сезона во дресот на Ливерпул. Постигна дури 39 голови во сите натпревари и медиумите веднаш тргнаа да го селат во Реал Мадрид. Но, Клоп е уверен дека Салах ќе остане во клубот.
„Знам дека Салах се чувствува многу пријатно во Ливерпул. Исто така, знам дека нашиот стил на игра исклучително му одговара, така што не се грижам за трансфер“, рече Клоп за германските медиуми.
Салах има можност да стане најдобар стрелец во Премиер лигата. Моментално е прв на листата стрелци со 29 голови односно четири повеќе од второпласираниот Харји Кане од Тотенхем.
Египетскиот репрезентативец минатото лето стаса во Ливерпул од Рома со обештетување од 42 милиони евра, кои со бонуси може да пораснат до 50 милиони. Во кариерата играше за Ел Моквалон, Базел, Челзи и Фиорентина. Во дресот на репрезентацијата на Египет одигра 57 натпревари и постигна 33 гола.