Doğa Kırmızıoğlu
31 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
АНКАРА
Екипата на Милвоки Бакс во рамките на натпреварите од регуларниот дел на американската Национална кошаркарска лига (НБА) го совлада тимот на Чикаго Булс со 123 : 102. Турскиот интернационалец Ерсан Илјасова постигна дабл-дабл и даде значаен придонес во победата на Бакси, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 6 натпревари од НБА. Тимот на Милвоки Бакс, кој е лидер во Источната конференција, ѝ гостуваше на екипата на Чикаго Булс. Бакси извојуваа победа од 21 разлика и стигнаа до својата 30. победа сезонава.
Ова е трета едноподруго победа на Милвоки, а најпрецизен кај гостинскиот тим беше Крис Мидлтон со 25 поени, 6 скока и 4 асистенции. Значаен придонес во победата, постигнувајќи дабл-дабл учинок, дадоа Јанис Антетокунпо со 23 поени, 10 скока и 6 асистенции и турскиот интернационалец Ерсан Илјасова со 14 поени, 11 скока и 2 асистенции.
Тимот на Чикаго Булс го претрпе својот 21. пораз. Најпрецизни кај домаќините беа Зек Лавин со 19 поени, 4 скока и 5 асистенции, Лаури Маркканен со 18 поени и 6 скока и Коби Вајт со 18 поени и 4 асистенции.
- Тимберволвс до победа во продолжението
Натпреварот меѓу Минесота Тимберволвс и Бруклин Нетс во регуларниот дел од средбата заврши нерешено 103 : 103. Во продолжението на натпреварот Тимберволвс успеаја да ги победат Нетси со 122 : 115.
Ова е 12. победа на Тимберволвс, а најпрецизни во редовите на Минесота беа Шабаз Напие со 24 поени, 8 асистенции и 3 скока, Џерет Калвер со 21 поен, 5 скока и 3 асистенции, а Горги Џенг постигна дабл-дабл од 11 поени и 20 скока.
Нетси го претрпеа својот 16. пораз сезонава. Најпрецизни во редовите на Бруклин беа Спенсер Динвиди со 36 поени, 8 скока и 5 асистенции, Џо Харис со 19 поени, а Торин Принс постигна дабл-дабл од 11 поени и 14 скока.
Вечер на програмата се 7 натпревари. Се среќаваат:
Шарлот Хорнетс - Бостон Селтикс
Индијана Пејсерс - Филаделфија Севентисиксерс
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Клиперс
Торонто Репторс - Кливленд Кавалирс
Хјустон Рокетс - Денвер Нагетс
Сан Антонио Спарс - Голден Стејт Вориорс
Оклахома Сити Тандер - Далас Маверикс.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Вашингтон Визардс - Мајами Хит 123 : 105
Орландо Меџик - Атланта Хоукс 93 : 101
Чикаго Булс - Милвоки Бакс 102 : 123
Минесота Тимберволвс - Бруклин Нетс 122 : 115 (во продолжение)
Јута Џез - Детроит Пистонс 104 : 81
Портланд Треил Блејзерс - Феникс Санс 116 : 122.