Hüseyin Burak Demirer
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
АНКАРА (АА) - Реал Мадрид и Баерн Минхен се последните полуфиналисти во Лигата на шампиони, по вчерашниот пласман на Ливерпул и Рома, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот претставник Реал Мадрид, по победата во Торино, на домашен терен, на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ ја пречека екипата на Јувентус, која е италијански претставник во Лигата на шампиони.
Јувентус со головите на хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ во 2. и 37. минута поведе против Мадрид со 0:2. По грешка на голманот на Реал, Кејлор Навас, Блез Матуиди, играчот на Јувентус во 60. минута од натпреварот успеа да го доведе Јувентус во водство од 0:3, зголемувајќи ги аспирациите на клубот за пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Доколку натпреварот завршеше со овој резултат, ќе се играше продолжение.
Во преостанатиот дел од натпреварот, Реал Мадрид ги интензивираше своите напади, и во 90+3 минута беше досуден удар од 11 метри за шпанската екипа. По реакцијата на голманот на Јувентус, Џанлујџи Буфон, судијата Мајкл Оливер му додели црвен картон на чуварот на мрежата на италијанскиот клуб.
Кристијано Роналдо, кој го играше својот 150. натпревар во Лигата на шампиони, постигна погодок со удар од 11 метри, намалувајќи го водството на Јувентус на 1:3. Со овој резултат заврши натпреварот, а Реал, иако загуби на домашен терен, благодарение на победата во Торино од 0:3, се пласираше во полуфиналето на Лигата на шамипони.
Реал Мадрид, кој во последните 4 години на трипати беше првак во Лигата на шампиони, по 8. пат едноподруго ќе учествува во полуфиналето на ова престижно фудбалско клупско натпреварување.
- Роналдо ја продолжи серијата од 11 натпревари на кои постигнува погодок -
Кристијано Роналдо, португалскиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, успеа во 11 последователни натпревари да постигне погодок во Лигата на шампиони, со што стана единствениот фудбалер на кој тоа му успеало.
Роналдо (33) го постигна својот 10. погодок против Јувентус и стана единствениот играч кој во Лигата на шампиони успеал да постигне 10 погодоци против ист клуб.
Роналдо е носител на титулата „Најефикасен голгетер во Лигата на шампиони“, а оваа сезона постигна 15 погодоци односно вкупно 120 погодоци во напреварите што ги одигра во Лигата на шампиони.
- Баерн Минхен во полуфинале -
Германскиот претставник во Лигата на шампиони, Баерн Минхен, по победата од 1:2 на гостински терен во Шпанија, ја пречека на домашен терен екипата на Севиља на стадионот „Алијанс Арена“.
Натпреварот заврши без погодоци односно со резултат 0:0, а екипата на Баерн, благодарение на подобриот резултат на гости, успеа по 6. пат во последните 7 години да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Полуфиналисти во Лигата на шампиони се Рома, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Извлекувањето на паровите за полуфиналните натпревари ќе се одржи во швајцарскиот град Нион, во петок, 13 април со почеток во 13 часот.