Doğa Kırmızıoğlu
04 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
АНКАРА
Синоќа се одиграа 6 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Sвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, постигна трипл-дабл и ѝ донесе победа на неговата екипа над Филаделфија Севентисиксерс од 118 : 108, постигнувајќи ја својата 24. победа сезонава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хјустон се наоѓа на 4. позиција во Западната конференција, Харден ги поведе Рокетси во нова победа остварувајќи 44 поени, 11 скока и 11 асистенции. Добра игра во Хјустон покажаа и Клинт Капела со дабл-дабл од 30 поени, 14 скока и 3 асистенции и Расел Вестбрук со 20 поени, 7 скока и 4 асистенции.
Сиксерси го претрпеа својот 4. последователен пораз, 14. сезонава, а најпрецизни во редовите на гостите беа Бен Симонс со трипл-дабл од 29 поени, 13 скока и 11 асистенции, Тобијас Харис со 24 поени, 2 скока и 2 асистенции и Џоел Ембид со дабл-дабл од 20 поени и 12 скока, додека турскиот репрезентативец Фуркан Коркмаз за 18 минути постигна 8 поени и по 1 скок, асистенција и украдена топка.
- Победата на Лејкерси им ја донесе Ентони Дејвис
Лос Анџелес Лејкерс, лидерот на Западната конференција, ја извојува својата 4. последователна победа, вкупно 28. сезонава, совладувајќи го тимот на Њу Орлеанс Пеликанс со 123 : 113.
Ентони Дејвис, ол-стар ѕвездата на Лејкерси, постигна дабл-дабл учинок од 46 поени, 13 скока и 1 асистенција, Леброн Џејмс имаше дабл-дабл од 17 поени, 15 асистенции и 8 скока, додека Дени Грин го заврши натпреварот постигнувајќи 25 поени, 5 асистенции и 5 скока.
Тимот на Пеликанс го претрпе својот 24. пораз сезонава, а најпрецизни во редовите на Њу Орлеанс беа Лонзо Бол со 23 поени, 5 асистенции и 2 скока и Дерик Фејворс, кој постигна дабл-дабл од 15 поени и 14 скока.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Вашингтон Визардс - Портланд Треил Блејзерс 103 : 122
Бостон Селтикс - Атланта Хоукс 109 : 106
Орландо Меџик - Мајами Хит 105 : 85
Хјустон Рокетс - Филаделфија Севентисиксерс 118 : 108
Феникс Санс - Њујорк Никс 120 : 112
Лос Анџелес Лејкерс - Њу Орлеанс Пеликанс 123 : 113.
НБА продолжува со 12 натпревари. Се среќаваат:
Лос Анџелес Клиперс - Мемфис Гризлис
Бруклин Нетс - Торонто Репторс
Орландо Меџик - Јута Џез
Кливленд Кавалирс- Оклахома Сити Тандерс
Атланта Хоукс - Индијана Пејсерс
Вашингтон Визардс - Денвер Нагетс
Чикаго Булс - Бостон Селтикс
Милвоки Бакс - Сан Антонио Спарс
Далас Маверикс - Шарлот Хорнетс
Голден Стејт Вориорс - Детроит Пистонс
Сакраменто Кингс - Њу Орлеанс Пеликанс
Лос Анџелес Клиперс - Њујорк Никс.