Bedrudın Brljavac
05 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ЛОНДОН (АА) - Давид Силва на крајот од сезоната од Манчестер Сити ќе премине во американскиот Интер Мајами, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Шпанскиот играч од средниот ред во пресрет на оваа сезона го продолжи договорот со англискиот шампион на една година и потврди дека потоа ќе го напушти „Етихад“.
Како што наведуваат бројните англиски медиуми, 33-годишниот Силва веќе постигнал устен договор со екипата на Интер Мајами, новиот американски клуб чиј сопственик е Дејвид Бекам, па богатата кариера ќе ја продолжи во МЛС-лигата.
Силва ја започна кариерата во Валенсија, од каде што во 2010 година премина во Сити за 28,7 милиони евра. Тој досега за Манчестер има одиграно 416 натпревари, со 136 асистенции и 74 гола.
За репрезентацијата на Шпанија имаше 125 настапи и постигна 37 гола, а беше светски шампион во 2010 година и двапати европски шампион, во 2008 и во 2012 година.