Şeyma Erkul Dayanç
05 Ноември 2026•Ажурирано: 05 Ноември 2026
Ајфеловата кула денес беше затворена за посетители поради националниот штрајк во Франција, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница на споменикот, јавува Анадолу.
„Поради националниот штрајк, Ајфеловата кула денес е затворена“, се наведува во известувањето за посетителите, во кое се советуваат оние што имаат електронски билети да ја проверат својата електронска пошта.
Ајфеловата кула е затворена во екот на национални штрајкови и протести организирани од синдикатите и студентските организации поради платите, куповната моќ и условите во образованието.
Се очекува на протестите надвор од Париз да учествуваат од 500.000 до 700.000 лица, а во главниот град се очекува да излезат од 40.000 до 80.000 демонстранти.
Француските власти распоредија 70.000 полицајци и жандарми за одржување на јавниот ред и мир за време на протестите, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Штрајкот е дел од поширокото протестно движење што започна со студентски протести на средината на септември, а подоцна се прошири и ги опфати синдикатите и други групи.