Dejan Maksımovıc
05 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, пред денешниот дуел со Ливерпул во третото коло од ФА Купот, изјави дека неговиот тим мора да биде совршен за да ги победи „црвените“ на „Енфилд“, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„За да ги победите, вашата игра мора да биде целосна. Сакаме да имаме можност да играме наш фудбал. Кога бев во Наполи, успеавме да изведеме одличен настап, затоа што, за да го победите Ливерпул, вообичаениот учинок не е доволен. Сè мора да биде совршено. Мора да работите напорно, да се жртвувате и да покажете интензитет“, истакна Анчелоти.
Италијанскиот тренер на „Гудисон парк“ пристигна на 21 декември, наследувајќи го Марко Силва. Тој успеа да забележи две последователни победи, а потоа беше поразен од актуелниот англиски шампион Манчестер Сити.
„Анчелоти е еден од најпаметните луѓе што некогаш сум ги сретнал. Не би се нафатил на некоја работа да не беше уверен дека тимот на Евертон е добар, навистина добар. Мислам дека тоа е добра комбинација. Тие ќе бидат добри, сигурен сум во тоа, особено како што одминува сезоната“, рече Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул.
Големото градско дрби во ФА Купот ќе се игра денеска на „Енфилд“, со почеток во 17:00 часот.