Alma Çekovic
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ЛОНДОН
Младиот репрезентативец на Англија, Харви Елиот (16), премина од Фулам во Ливерпул како најново зајакнување на клубот од Енфилд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Елиот со 16 години и 30 дена стана најмладиот играч во историјата кој заиграл во англиската Премиер лига, кога влезе како замена во мечот против Вулверхемптон во мај оваа година.
Англискиот напаѓач ќе добие професионален договор кога ќе наполни 17 години во април наредната година.
Ливерпул соопшти дека Елиот ќе биде во состав на тимот за пријателскиот меч против Наполи, кој е на програмата денес.
Елиот, за кого покажаа интерес и останатите европски клубови како Реал Мадрид, Париз Сен-Жермен, Арсенал и Манчестер Сити, е второ засилување на Ливерпул во овој преоден рок, откако за клубот потпиша младиот холандски дефанзивец Сеп ван дер Берг (17).