спорт

Ерлинг Халанд - новиот „принц“ на европскиот фудбал

- Халанд на 9 натпревари во дресот на Салцбург постигна 17 погодоци, привлекувајќи го вниманието на љубителите на фудбалот

Berad Büyük  | 19.09.2019 - Обновена : 21.09.2019
Ерлинг Халанд - новиот „принц“ на европскиот фудбал

ИСТАНБУЛ

Ерлинг Халанд, 19-годишниот фудбалер на Салцбург, во својот прв натпревар во Лигата на шампиони успеа да постигне „хек-трик“. Во досегашните настапи сезонава за клубот на Салцбург, Халанд на 9 натпревари постигна 17 погодоци, привлекувајќи го вниманието на љубителите на фудбалот, пишува Anadolu Agency (AA).

Халанд, кој го прочу своето име во светскиот фудбал со настапите во младата репрезентација на Норвешка, својот талент продолжува да го прикажува и во екипата на Салцбург.

Халанд потекнува од пионерската школа на норвешкиот клуб Брине, а во 2017 година премина во Молде.

Во јануари годинава 19-годишниот Норвежанец, од Молде премина во австрискиот клуб Салцбург, каде што бладогарение на постигнатите погодоци, на сопствени плеќи го понесе клубот во австриската лига, во Купот и во Лигата на шампионите.


- Постигнувајќи „хек-трик“ во својот прв настап, се запиша во аналите на УЕФА

Постигнувајќи „хек-трик“ во својот прв настап во Лигата на шампионите, младиот фудбалер стана партнер на многу рекорди.

По фудбалските легенди Раул и Вејн Русни, Ерлинг Халанд стана трет најмлад фудбалер кој во првиот настап во Лигата на шампиони успеал да постигне 3 погодоци.

Освен тоа, тој е првиот млад играч кој во последните 15 години постигнал „хек-трик“ на својот прв натпревар во ЛШ. За последен пат, „хек-трик“ на својот прв настап во ЛШ постигна Вејн Руни во 2004 година.

Во победата на Салцбург над Генк со резултат 6:2, Халанд постигна „хек-трик“ со погодоците во 2., 34. и 45. минута од средбата, со што овој млад фудбалер, висок 1,91 метар, стана најмладиот голгетер кому тоа му успеало.


- Постигна 17 погодоци на 9 натпревари

Халанд, кој сезонава со погодоците постигнати во автриската лига и куп-натпреварите му донесе победи на Салцбург, на 9 натпревари постигна 17 погодоци.

Халанд сезонава во австриското првенство ги одигра сите натпревари за Салцбург, кој по 7. коло е лидер на табелата со 21 бод, без загубен поен. На овие натпревари Халанд успеа да постигне 11 погодоци.

Во својот прв настап на натпревар од австрискиот куп, Халанд постигна „хек-трик“.

Норвешкиот голгетер кој 11 пати успеа да ги затресе противничките мрежи, се наоѓа на врвот на листата на стрелци.


- На еден натпревар постигна 9 погодоци и ја освои „Златната копачка“

На Светскиот куп за фудбалери до 20 години организиран од страна на ФИФА, на натпреварот во кој Норвешка го совлада Хондурас со 12:0, Халанд успеа да постигне 9 погодоци. Со овој успех, тој го презеде приматот на фудбалер со најголем број постигнати погодоци на еден меч од рацете на Бразилецот Адаилтон, кој дотогаш го држеше рекордот со постигнати 6 погодоци против Јужна Кореја во 1997 година.

Халанд во исто време го урна и рекордот на фудбалер со најголем број постигнати погодоци на светските првенства, а од организаторите на турнирот ја освои наградата „Златна копачка“.


- И неговиот татко бил фудбалер

И Алф-Инге Халанд, таткото на младиот голгетер, бил фудбалер, кој потекнува од пионерската школа на норвешкиот клуб Брине. Во текот на својата кариера ги бранел боите на англиските премиерлигаши Нотингем Форест, Лидс Јунајтед и Манчестер Сити.

Халанд постариот 34 пати настапил во националниот состав на Норвешка, а од зелениот терен се збогуваше во 2003 година.


- „Ќе биде еден од најдобрите светски играчи во нападот“

По натпреварот против Генк на кој постигна „хек-трик“, соиграчите на Халанд на претставниците на печатот им упатија само пофални зборови за својот соиграч.

Клупскиот колега Максимилијан Вебер изјави: „Тој ќе биде еден од најдобрите светски играчи од нападот, извонреден талент.“

Еден друг негов соиграч, Србинот Златко Јунузовиќ, за Халанд рече: „Неверојатна е серијата погодоци што ја постигна. Некои велат дека австриската лига за него била лесна, но тој своите „хек-трикови“ ги понесе и во Лигата на шампионите.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.