Bakir Tiro
19 Септември 2019•Ажурирај: 20 Септември 2019
САРАЕВО (АА) - Светската кошаркарска федерација (FIBA) денеска ги објави имињата на 24 репрезентации кои ќе настапуваат на квалификациските турнири за пласман на Олимпијадата во Токио, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ќе се играат четири турнири, од 23 јуни до 28 јуни 2020 година, чии победници ќе се борат за пласман на следните летни олимписки игри.
ФИБА во наредните денови ќе ги одреди домаќините на турнирите, а во квалификациите ќе настапуваат Ангола, Бразил, Канада, Кина, Чешка, Доминиканската Република, Германија, Грција, Хрватска, Италија, Кореја, Литванија, Мексико, Нов Зеланд, Полска, Порторико, Русија, Сенегал, Србија, Словенија, Тунис, Турција, Уругвај и Венецуела.
Летните олимписки игри ќе се одржат во Токио од 24 до 9 август 2020 година.