спорт

ЕУРО 2019 во одбојка: Пораз на Турција, Северна Македонија без пласман во осминафиналето

Познати се дел од осминафиналититте на ЕУРО 2019. Победа на Шпанија би значело пласман во наредната фаза, а директниот дуел меѓу Чешка и Црна Гора ќе одлучи ќе го одлучи осминафиналистот

Oktaj Omeragik  | 19.09.2019 - Обновена : 20.09.2019
ЕУРО 2019 во одбојка: Пораз на Турција, Северна Македонија без пласман во осминафиналето Foto: ( Martin Metelko / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Вчера се одиграа 8 натпревари на Европското одбојкарско првенство ЕУРО 2019. Репрезентацијата на Северна Македонија не успеа да избори пласман во осминафиналето, бидејќи Финска, која извојува победа над Турција, иако е со ист број на бодови, има подобар скор во сетови од Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Северна Макеоднија со нетрпение синоќа го исчекуваше исходот од натпреварот меѓу репрезентациите на Финска и Турција. Евентуелна победа на Турција ќе значеше пласман на Северна Македонија во осминафиналето на ЕУРО 2019, што би претставувало извонреден успех, имајќи предвид дека ова е прво учество на македонската репрезентација на едно европско првенство во одбојка.

Турција по освоениот прв сет од страна на Финска и водството од 1 : 0, успеа во наредните два сета да излезе како победник за водство од 1 : 2, но во продолжението на средбата Финска ги доби следните два сета за конечни 3 : 2 (25 : 20, 15 : 25, 18 : 25, 25 : 23, 15 : 12) и победа над репрезентацијата на Турција. Со оваа победа, Финска има ист број поени со Северна Македонија, но поради подобриот скор во сетови, го зазеде 4. место во групата Ц и избори пласман во осминафиналето на ЕУРО 2019.

Резултати од вчера одиграните натпревари:

Португалија - Романија 1 : 3

Украина - Естонија 3 : 0

Геманија - Словачка 3 : 0

Словенија - Русија 0 : 3

Холандија - Чешка 2 : 3

Белгија - Србија 0 : 3

Франција - Италија 3 : 1

Финска - Турција 3 : 2.

Денес на програмата се последните натпревари од групната фаза. Се среќаваат:

17:00 Чешка - Црна Гора

17:30 Шпанија - Германија

20:00 Полска - Украина

20:30 Србија - Австрија

Познати се учесниците во осминафиналето во групите А и Ц. Во групата Б, евентуелна победа на Шпанија над Германија би значело пласман во наредната фаза за оваа репрезентација. Слична е ситуацијата и во групата Д. Тука директниот дуел меѓу репрезентациите на Чешка и Црна Гора ќе одлучи кој ќе биде четвртиот учесник во осминафиналето од оваа група.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.