Doga Kirmizioglu
19 Септември 2019•Ажурирај: 20 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Со синоќешните 8 натпревари, заврши 1. коло од групната фаза во УЕФА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера во рамките на најелитното фудбалско клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампиони, се одиграа 8 натпревари во групите А, Б, Ц и Д.
Дербито на колото се одигра во Париз, каде што Париз Сен Жермен на домашен терен го пречека Реал Мадрид, екипа која во последните 6 натпреварувања во Лигата на шампиони 4 пати ја освои шампионската титула. Париз Сен Жермен извојува убедлива победа од 3 : 0, со двата погодоци на Анхел ди Марија во 14. и 33. минута, и погодокот на Томас Мениер во 90+1 минута.
Турскиот претставник во ЛШ, екипата на Галатасарај, му гостуваше на Бриж. Овој натпревар заврши без погодоци 0 : 0.
Второто дерби на колото се одигра во Мадрид. Атлетико му беше домаќин на Јувентус. По првото полувреме кое заврши без погодоци 0 : 0, Јувентус на почетокот од вториот дел, веќе во 48. минута поведе со 0 : 1 преку Хуан Куадрадо, за во 65. минута Јувентус да има предност од 0 : 2 благодарение на погодокот што го постигна Блес Матуиди.
По овој шок, домаќините бргу се созедоа и веќе во 70. минута резултатот беше намален на 1 : 2 со погодокот на Стефан Савиќ. Атлетико не се предаде и во 90. минута од натпреварот се избори за конечни 2 : 2 преку погодокот што го постигна Ектор Ерера.
Во групата Ц, Манчестер сити му гостуваше на Шахтјор Донецк. Гостите извојуваа победа од 0 : 3, а погодоците ги постигнаа Ријад Марез во 24. минута, Илкај Ѓундоган во 38-та и Габриел Жезус во 76. минута од натпреварот.
Резултати од вчера одиграните натпревари:
Атлетико Мадрид - Јувентус 2 : 2
Париз Сен Жермен - Реал Мадрид 3 : 0
Бриж - Галатасарај 0 : 0
Олимпијакос - Тотенхем 2 : 2
Баерн Минхен - Црвена звезда 3 : 0
Динамо Загреб - Аталанта 4 : 0
Шахтјор Донецк - Манчестер сити 0 : 3
Бајер Леверкузен - Локомотива Москва 1 : 2