Hüseyin Burak Demirer
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо изјави дека сака и дека заслужува да освои поголем број Зпатни топки од Аргентинецот Лионел Меси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Роналдо беше гостин на британскиот ТВ-канал ИТВ (ITV), каде што одговараше на прашањето во врска со Златната топка (Ballon d'Or), која ја освои петпати, колку и Меси.
„Меси влезе во фудбалската историја. Но мислам дека до крајот на кариерата морам да освојам шест, седум или осум, за да бидам пред него. Би го сакал тоа, мислам дека го заслужувам тоа“, рече Роналдо.
На прашањето каков однос има со Меси, со кого го споредуваат во текот на целата кариера, Роналдо одговори:
„Не сме пријатели, но веќе 15 години ја делиме истата сцена. Неговото присуство ме тераше да бидам подобар играч, но и моето него.“
Роналдо, кој во кариерата освои пет титули во Лигата на шампиони, а со репрезентацијата на Португалија, Европскиот шампионат, за себе рече дека е зависник од успех.
„Сметам дека тоа не е лошо, мене тоа ме мотивира“, порача славниот португалски фудбалер.