спорт

Вакифбанк - светски одбојкарски клупски првак во женска конкуранција

- На светскиот одбојкарски шампионат на ФИВБ за жени, турската екипа Вакифбанк стана светски шампион со победата во финалето од 3:0 над бразилски Минас

Mutlu Demirtaştan  | 09.12.2018 - Обновена : 10.12.2018
Вакифбанк - светски одбојкарски клупски првак во женска конкуранција

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Вакифбанк стана светски одбојкарски клупски шампион во женска конкуренција, откако во финалето на натпреварувањето на Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) ја совлада екипата на Минас од Бразил, со резултат 3:0, јавува Anadolu Agency (AA).

Во кинескиот град Шаосинг се одржа финалето на светскиот одбојкарски клупски шампионат на ФИВБ во женска конкуренција меѓу екипите на турскиот претставник Вакифбанк и бразилскиот претставник Минас.

Вакифбанк извојува победа над Минас од 3:0 (по сетови 25:23, 25:21 и 25:19) и стана светски одбојкарски клупски шампион.

Со оваа победа Вакифбанк ја освои својата трета титула во светското одбојкарско клупско натреварување во женска категорија, второ што го освојува едноподруго.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın