Amina Zorniç
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ДАРФУР (АА) - Жените во Дарфур, во западниот дел на Судан, во пустинските низини, работат макотрпна физичка работа, во тешки услови и во борба за нивна и егзистенцијата на нивните семејства.
Патувајќи во западноафриканската држава, фотографот на Anadolu Agency направи фотографии на уникатни сцени во Дарфур.
Во овој рамничарски дел што го исполнува земјата, глината и пустинскиот песок, без вегетација и под ведро небо, деноноќно надничат мајките со своите ќерки за со малата заработувачка да го издржуваат своето семејство.
Секое утро, далеку од градските улици и продавници, во предградието на градот, стотици од нив, својот ден го започнуваат во урнатините. Придржувајќи се една со друга, се качуваат на висока скала потпрена на ѕидовите од куќите, од каде што вадат тули.
На своите глави, на кои носат десетици наредени тули, ги заштитуваат со крпи и марами, внимателно движејќи се кон цигланите каде што ги редат за да се сушат на жешкото сонце.
Во кругот на цигланата, во импровизирани живеалишта ги чекаат нивните деца, лежејќи на површината од слама и барајќи сенка од тропските горештини.
Откако ќе падне ноќта во Дарфур, цигланите остануваат пусти додека жените и девојките, подготовувајќи се за следниот ден, си го чуваат својот заработен 1,4 долар кој го добиваат после 12-часовната работа.
На многу жени во Судан работата во цигланите е само неостварлив сон и далечен спас од бруталната граѓанска војна која во изминатите пет децении ги однесе животите на три милиони луѓе.