Halit Süleyman
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушен напад на сириската армија врз пазар во селото Сахур во Алепо загинаа десет, а беа повредени 30 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА од претставникот на цивилната заштита во Алепо дознава дека нападот врз селото кое е под контрола на опозицијата е изведен од авион на сириската војска.
Во нападот загинаа цивили, меѓу кои најмногу има жени и деца. Повредените лица се хоспитализирани во болница во периферијата.
Во вчерашниот воздушен напад на руските авиони во селото Тарик ал Баб во Алепо загинаа 12, а беа повредени 22 лица.