Amina Zorniç
07 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
ДЕТРОИТ (АА) - Најновата студија на истражувачите од Универзитетот во Мичиген, САД покажа дека на глобално ниво жените во просек спијат подолго од мажите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според британскиот "Индипендент", истражувањето кое опфати 100 земји на светот покажа дека најмногу сон имаат Холанѓаните, додека најмалку сон имаат жителите на Сингапур и Јапонија.
Студијата објавена во списанието "Science Advances" тврди дека најмалку сон имаат средовечните мажи, 30 минути помалку од жените, особено на возраст меѓу 30 и 60 години.
Жителите на Јапонија и Сингапур во просек спијат седум часа и 24 минути, додека во Холандија луѓе спијат осум часа и 12 минути, во просек. Британците од друга страна, во просек спијат помалку од осум часа исто колку и Французите.
Истражувачите велат дека повеќето луѓе нивниот сон (во текот на ноќта) го регулираат во согласност со работата, работните задачи и работните часови, по што студија е насловена "Глобалната криза на сонот".