Alma Çekovic
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во Соединетите Американски држави (САД) секоја година поради медицински грешки евидентирани се над 250.000 смртни случаеви, покажа истражувањето на Универзитетот Џонс Хопкинс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објавениот труд во научното списание "The BMJ" се наведува дека медицинските грешки, како причинители за смртноста, ги претекнале болестите на респираторните органи и станале трета водечка причина за смртноста во САД.
Американскиот центар за контрола на болести води официјална статистика за водечките причини за смртност во САД, но истражувачите од овој универзитет сметаат дека Центарот за собирање на податоци пропуштил да ги класифицира медицинските грешки на одвоено место, во изводите од матичните книги на умрените.
Истражувачите сметаат дека медицинските грешки не треба да бидат синоним за лоши лекари, но претставуваат системски проблем, вклучувајќи лоша координација, недостаток или недоволно користење на заштитната мрежа, како и неоправдани варијации во обрасците на лекарските ординации, кои немаат оправдание.
„Човечката грешка е неибежна. Иако не можеме во потполност да ги елиминираме човечките грешки, можеме подобро да го согледаме проблемот со цел дизајнирање на посигурни системи за намалување на зачестеноста и видливоста на последиците од тие грешки“, се наведува во списанието.