Mustafa Melih Ahıshalı
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Скоро 4.000 жени во Иран, посетуваат тренинг обука за нинџутцу - источна боречка вештина за зголемување на личната самодоверба и за лична безбедносна заштита, јавува Anadoly Agency (AA).
Тина Рушенија, тренер на боречки вештини во спортскиот клуб „Рефах” во главниот град Техеран, во разговор за АА истакна дека во последно време се забележува значаен пораст на интересот кон источните боречки одбранбени вештини, што се манифестира преку зголемениот број на ирански жени, членки во клубот.
„Скоро 4.000 жени во Иран посетуваат тренинг обука за нинџутцу - источна боречка вештина за зголемување на личната самодоверба но и за лична безбедносна заштита. Ние секогаш ги советуваме жените да бидат во ‘одбранбена готовност‘”, вели Рушенија.
Мајката на едно дете, Тина Рушенија, која поседува црн појас од 5-ти дан е тренер за Нинџа-Ренџер техниката на 40 жени, на возраст од 4-50 години, од кои 15 поседуваат црн појас.

Тренинзите се одвиваат во просториите на клубот од 250 метри квадратни. Во државни рамки, постојат 110 жени нинџа тренери. Во Иран, нинџутцу техниката официјално се изучува од 2003 година наваму.
„Во меѓународни рамки секоја година се одржуваат боречки натпреварувања. Поттикнувачки фактор за пријавувањето на жените за учење на Нинџа-Ренџер техниката е првенствено нивната желба и мотив за подобрување на личната самодоверба преку способноста за самоодбрана“, истакна таа.
Минатата година Рушенија била добитник на сребрениот медал на Азијскиот Шампионат во женска конкуренција.