Dildar Baykan
24 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Организации за човекови права ја повикаа Владата на Аракан да достави извештај за насилството врз жените во Аракан до Комитетот на Обединетите нации (ОН) за елиминирање на сите форми на дискриминација против жените, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на организациите „Хјуман рајтс воч“ (HRW) и „Forfity Rights“ се наведува дека на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација против жените (CEDAW), одржана во ноември 2017 година, од Владата на Мјанмар е побарано до 28 мај годинава да достави извештај во врска со состојбата на жените и девојчињата во регионот на Аракан.
Скај Вилер, експерт во областа за правата на жените при „Хјуман рајтс воч“ истакна дека CEDAW во многу ретки ситуации бара доставување на вакви извештаи.
„Фактот дека CEDAW, надвор од редовната процедура бара доставување на извештај за состојбата на муслиманските жени во Аракан, јасно покажува колкаво насилство, всушност, таму извршила Мјанмарската војска. Владата на Мјанмар треба да престане да го негира тоа, и под итно да започне да соработува со меѓународните органи“, порача Вилер.
Организациите HRW и „Forfity Rights“ подготвија и извештај за сексуалното насилство на мјанмарските војници над жените во Аракан. Овој извештај, кој содржи и изјави на сведоци, испратен е до ОН.
Во Извештајот се наоѓаат и изјави на жени, жртви на насилството во Аракан, меѓу кои се и изјави на 37 жени кои се силувани, а кои подоцна успеале да избегаат од Аракан на територијата на Бангладеш. Меѓу другото, во Извештајот се наведува дека над жените и девојчињата од Аракан, вршени се сексуална, но и дуг вид злоупотреба. Покрај тоа, има и информации дека се убивани стари лица и деца, а неколкумесечните бебиња биле палени.
Араканските муслимани Рохинџа, со години се најзагрозено етничко малцинство во светот, а од 25 август 2017 година се соочуваат со нов бран насилства во подрачјето на Аракан во Мјанмар.
Под изговор дека водат борба против милитанските групи, Мјанмарската војска уништи најмалку 350 муслимански села, од кои најмалку 700.000 жители беа приморани на бегство во соседен Бангладеш.