Ivana Ramadanova
25 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими денеска со претставниците на секретаријатот за европски прашања оствари средба со министерот за правда Аднан Јашари, јавува Anadolu Agency (AA).
Посетата на Министерството за правда се реализира со цел натамошно следење на имплементацијата на итните реформски приоритети кои се во надлежност на министерството за правда во делот на правосудството, борбата против корупцијата и слободата на изразување и медиуми.
"Целта на ваквите посети е покрај редовното следење на неделна основа да имаме тематски средби со институциите во областите каде што стојат битните реформски приоритети. Тука сме во Министерството за правда за да ги видиме реформските приоритети кои се однесуваат на судтсвото и владеење на правото каде што се ресорните институции. Темите на оваа средба ќе се однесуваат на итните реформи кои се очекуваат од Македонија во однос на независноста на судството, борба против криминалот и корупцијата", истакна министерот Бесими.
"Денеска со мнистерот Бесими ќе разговараме за сите мерки што Министерството за правда како координатор ги презема во однос на имплементација на сите препораки, што на некој начин произлегуваат од Акциониот план за итни реформски приоритети и во насока на тоа исто така Вицепремиерот со неговиот тим ќе ги известам за следните чекори во насока на мерките што треба да се преземат со посебен фокус во забелешките што произлегуваат од последниот извештај на Европската комисија", рече Јашари.