Hasan Esen
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за Турција, поради барањето за признавање на наводниот геноцид врз Ерменците, пред да биде разгледан, вратен е назад, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот кој ЕП го донесе во месец април со 375 гласа, дури денеска е доставен до Постојаното претставништво на Турција во ЕУ. Постојаното претставништво на Турција во ЕУ веднаш го врати назад извештајот. Според дипломатски извори, како причина за враќање на извештајот се наведува враќањето кон 1915 година и барањето за признавање на тврдења за наводниот геноцид врз Ерменците.
Поранешниот Министер за Европска прашања, Волкан Бозкир, имаше кажано дека нема да го признаат извештајот и ќе биде вратен назад.
Бозкир, и за минатогодишниот извештај рече:
„Минатата година соопштивме дека доколку во него не се смени референцата за наводниот геноцид од 1915 година, извештајот ќе биде вратен. Минатата година го вративме извештајот назад. За жал, и оваа година, истата референца на Европскиот парламент, зема место во извештајот за Турција. И покрај сите наши напори, и покрај сите наши предупредувања, оваа референца не е отстранета. Затоа, поради оваа одредба, извештајот го сметаме за неважечки. Извештајот ќе биде вратен во ЕП од страна на нашето претставништво."