Serhat Zafer
12 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
СИВАС (АА) - "Розевото такси" со кое жени ќе возат жени, ќе биде постојана појава на улиците на Сивас, во централна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението на градот Сивас, менаџерката на такси постојката на главната автобуска станица, Гокан Шимшек, со цел да се подобри услугата на жените, поднесе барање за воведување на "розови такси возила" кое го одобри Дирекцијата за обезбедување транспортни услуги во Сивас.
Координаторот на Дирекцијата Јуваки Ердоган рече дека клиентите на овие такси возила покрај жените ќе бидат и децата.
"Доколку и другите стојалишта побараат нешто вакво, ќе обезбедиме по едно возило за секое место", рече Јуваки.
Шимшек смета дека едно возило нема да биде доволно за целиот град и дека се надева дека и неговите колеги ќе му дадат поддршка.
Возачката на такси наменета за жени Гамезе Таскан истакна дека ова е значаен проект кој може да придонесе за намалување на насилството врз жените.