Hanife Sevinç,Abidin Mutlu Bozdağ
12 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во областа Бејоглу денеска во Истанбул се урнаа две згради, а причините за нивен колапс се уште се непознати, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од страна на новинарот на АА, во областа Бејоглу во Истанбул, во Замбак, се рушија две петкатници. По рушењето на зградата, на местото на настанот пристигнала, полицијата, брзата помош и противпожарната служба.
Се претпоставува дека зградата за време на рушењето беа празни, а поради случајот околните улици во населбата се затворени за сообраќај. На местото на настанот, каде што во тек се врши отстранување на урнатините на двете згради, дојде и гувернерот на Истанбул Васиќ Сахин.