Ramazan Turgut
14 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
РИЈАД (АА) - Потсекретарот на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија, бригадниот генерал Ахмед бин Хасан Асири, изјави дека саудиски борбени авиони, кои беа најавувани во рамките на борбата против ДАЕШ, стигнаа во базата Инџирлик во Адана, на југот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Асири за телевизијата "Al Arabiya” рече дека во наредните часови ќе слетаат дополнителни борбени авиони во базата Инџирлик, во Турција.
Нагласи дека продолжуваат разговорите на претставниците на Саудиска Арабија со земјите од коалицијата предводени од Соединетите Американски Држави (САД) во врска со можната копнена акција против терористичката ДАЕШ во Сирија.
Додаде дека меѓу земјите на меѓународната коалиција постои силно уверување за потребата од копнена акција против ДАЕШ.
Исто така потсети дека Саудиска Арабија претходно не изразила желба да земе активна улога во можната копнена операција на коалицијата.
Истакна дека Саудиска Арабија и Турција би можеле да учествуваат во евентуална копнена операција.
На крајот додаде дека борбени авиони слетале во базата Инџирлик со цел делување во воздушните напади, и дека воените експерти изведуваат активности во врска со можната копнена офанзива.
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, вчера изјави дека авиони на Саудиска Арабија би можеле наскоро да дојдат во Турција со цел борба против терористичката организација ДАЕШ. Чавушоглу истакна дека турските воени бази се отворени за сите земји кои сакаат да испратат свои авиони за борба против ДАЕШ.
Саудиска Арабија на 4-ти февруари соопшти дека е подготвена со копнени сили да учествува во борба против ДАЕШ, во рамките на меѓународната коалиција. Бригадниот генерал Ахмед Асири тогаш изјави дека Саиудиска Арабија е подготвена за прв пат да учествува во копнена операција во Сирија доколку членките на меѓународната коалиција на состанокот во Брисел одлучат дека тоа е потребно.
Коалицијата предводена од САД, нападите на позициите на ДАЕШ во Сирија ги започна во средината на 2014 година.