İbrahim Erikan
26 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
АДАНА (АА) - Воени авиони на Воздухопловните сили на Саудиска Арабија слетаа во воздухопловната база Инџирлик, во Адана, на југот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Четири авиони од типот F-15 ќе бидат поддршка на коалициските сили во борбата против терористичката организација ДАЕШ.
Воздухопловните сили на Саудиска Арабија, претходно, во базата испратија персонал и опрема.