Hatice Özdemir,Sultan Çoğalan
27 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
БИНГОЛ (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека терористичката организација ПКК, наместо мир во земјата, избра да соработува со режимот на Башар ал-Асад да учествува во крвави етнички и секташки конфликт, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу го посети источниот турски град Бингол, каде им се обрати на граѓаните на церемонијата по повод отворањето на спортски комплекс. Алудирајќи на терористичката организација ПКК, Давутоглу рече дека тие кои се надеваат дека ќе имаат корист од тероризмот и кои од раката не го испуштаат оружјето, никогаш нема да успеат.
"Зборуваат како го покренаа теророт во Џизре, Сур, Силопи, упатија закани дека на пролет ќе го прошират тероризмот и во нашите северни градови Бингол и Ван. Им порачувам од оваа место дека ние и во пролет и во лето и во зима, сме во секој дел на нашата земја и никој не може да не заплаши", рече Давутоглу.
Тој нагласи дека сепаратистичката терористичка организација ПКК, место мир во земјата, одбра да соработува со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад да го заземе своето место во крвавите етнички и секташки конфликти.
"Нивната цел беше мирот во Турција и во регионот. Тие станаа соработници на оние чија цел им е мирот. Единствените виновници за одолговлекување на процесот на решавање на курдското прашање се оние кои се кријат во сенката на оружјето. Оние кои во март 2013 година дадоа збор дека ќе го положат оружјето, 2014, 2015 и 2016 година од нашите градови направија складишта за оружје. Тие се оние кои го запреа процесот на помирување и тоа е нивната одговорност" , изјави премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, за време на посетата на турскиот град Бингол.