Mümin Altaş
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, порача дека одлуката на Германија да се повлече од воената база „Инџирлик“ не е одлука на Турција, и дека можат да го сторат она што го сакаат, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денес присуствуваше на седницата на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот (АК Parti) во турскиот парламент, по што одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелните настани.
Запрашан за коментар во врска со одлуката на Германија да ги повлече своите сили од воената база „Инџирлик“, во Турција, Јилдирим одговори: „Ние не донесовме никаква одлука, нека направат како што сакаат“.
Одлуката на Германија за повлекување од Инџирлик, се случи 20-тина дена откако Турција, во средината на мај, не им издаде одобрение на германските парламентарци за посета на воената база „Инџирлик“.
Тогаш беше наведено дека надлежните турски институции процениле дека одобрението на барањето за посета на германските парламентарци на воената база „во моментот не е прифатливо“.
Во воената база „Инџирлик“ во јужниот дел на Турција, се наоѓаат 260 војници на Бундесверот и неколку германски авиони кои учествуваат во коалициските операции против терористичката организација ДЕАШ во Сирија и во Ирак.