Cemil Karip
14 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
АГРИ (АА) - Мемиш Орхан Туран, 68 годишниот жител од населбата Ташличај во турскиот град Агри, 52 години со голема надеж ја чека жената која ја сака а не можел да ја земе поради миразот, јавува Anadolu Agency (AA).
Туран кој во Ташличај живее сам и средства за живот обезбедува преку пералната за возила, во неговата изјава за новинарот на АА кажа дека тоа што не успеал да ја земе жената која ја сака, претставувало голема тага за него и дека постојано пишувал песни за жената која сè уште ја сака.
Продолжува Туран:
„Ќе се земевме со едно девојче со кое живеевме во исто маало, ја сакав многу. Девојката која ја сакав и сè уште ја сакам, во моите очи беше најдобрата, најубавата, најдостоинствената, најсовесната и најмилостивата личност. Во тоа време, нашата финансиска состојба не беше добра. Поради миразот кој го бараше татко ѝ не можев да ја земам девојката која ја сакав и тоа засекогаш остана голема тага во мене. За мене светот е на една страна, девојката која ја сакам на друга страна. Постојано пишувам и пеам песни за девојката која ја сакам."
Кажувајќи дека на секое тропнување на вратата на куќата во којашто живее, сонува дека доаѓа жената која ја сака, „секој ден кога тропа вратата, ја отварам велејќи ,да не е жената која ја сакам". Со надеж ја чекам жената која ја сакам. Неуморно 52 години чекам дека „жената која ја сакам ќе дојде и конечно ќе се земеме".
Туран раскажува, дознал дека жената која ја сака не се омажила со никого:
„Трагав по жената што ја сакам, ја најдов и отидов по неа во Хатај. И таа не се омажила досега, живеела сама. Двајцата се заколнавме, имињата никому нема да му ги кажеме. До смрт, ова, ќе остане тајна меѓу нас. Се сакавме повеќе од сè, од нашето срце, од нашиот дух, од душата и од телото. Жената која ја сакам, да посака да го дадам моето срце, без сомнение би го дал. Само една молитва имам до Господ, да не нè остави сами нас, и жената која ја сакам секогаш да биде среќна. Ние се чекаме еден со друг, и до смрт ќе продолжам да ја чекам."
Советот на Туран за младите е: „Младите кога ќе сакаат некого, никогаш да не лажат за да ја направат среќна. Секогаш да бидат реални. Се молам Господ никогаш да не ги раздели оние кои сакаат човечки, вистински и без лаги".