Sıtkı Yıldız
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
АГРИ (АА) - Во Агри, Турција, се запленети 585 килограми хероин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на гувернерот на Агри е соопштено дека жандармериските екипи по дојава запреле камион со ирански регистерски ознаки.
Во претресот учествувало и специјално обучено куче, а во багажот се пронајдени 585 килограми хероин.
Приведен е возачот, кој е со потекло од Иран, а запленет е и камионот.