Sibel Uğurlu
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турската полиција фати најмалку 75 илегални мигранти денес во главниот град Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
„Според наводите кои ги доби полицијата, мигрантите се фатени во раните утрински часови во операција извршена против криумчарењето луѓе“, велат извори кои зборуваа под услов на анонимност.
Меѓу мигрантите 33 се Авганистанци, 30 Пакистанци и 12 се лица од Бангладеш.
Полицијата го уапси осомничениот шверцер, за кој беше откриено дека ги довел мигрантите од источната област Ван, по илегалниот премин на границата со Турција.
„Мигрантите ќе бидат екстрадирани по правните процедури во подрачната Канцеларија за миграции“, изјавија изворите.
Жандармеријата во Ван во операциите спроведени во пет подрачја, задржа околу 250 мигранти, вклучувајќи лица од Авганистан, Бангладеш, Иран и Пакистан.
Во друга операција во јужната област Хатај, која е на границата на Турција со Сирија, фатени се 51 Сириец во обид илегално да влезат во Турција.
Безбедносните сили во северозападната област Едрене, исто така, фатија 37 илегални мигранти од Авганистан, Иран и Азербејџан и 28 други во Ајдин.
Турција е главната рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.
Според Министерството за внатрешни работи, во Турција минатата година биле фатени околу 268.000 илегални мигранти.