Hatice Kesgin
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
АГРИ (АА) - Најмалку тројца терористи на ПКК се убиени за време на безбедносните операции на источниот дел на Турција, соопшти денес Кабинетот на регионалниот гувернер, јавува Anadolu Agency (AA).
Судирот се случи вчера помеѓу турските безбедносни сили и терористите на ПКК во покраината Агри, во која се ранети тројца војници.
Од кабинетот во Агри наведуваат дека операцијата во покраината Синек доведе во вооружена битка помеѓу безбедносните сили и терористичките групи. Повредените војници се пренесени на лекување во две различни болници. Се додава дека безбедносната операција во регионот и понатаму е во тек.
ПКК, која е окарактеризана како терористичка организација од Турција, САД и ЕУ, во јули 2015 година ја продолжи својата 30 годишна борба против турската држава. Од тогаш се убиени повеќе од 600 припадници на турските безбедносни сили, но и повеќе од 7.000 терористи на ПКК.