Muhittin Sandıkçı
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
РИЗЕ (AA) – Глечерските езера Једиголер кои се наоѓаат на границата помеѓу Ризе и Ерзурум во Турција, се едно од омилените места на фотографите и вљубениците во природата, јавува Anadolu Agency (AA).
Се наоѓаат во составот на Националниот парк на Качакар. Једиголер (седум езера) се простираат на надморска висина од 2.930 и 3.200 метри.
Високата снежна покривка на тоа подрачје не е непозната, затоа, во зимскиот период езерата знаат да бидат прекриени со повеќе од три метри снег, поради што во тој период тешко се доаѓа до нив. Сепак, во текот на летните месеци вљубениците во природата имаат можност, кратко, пиејќи го чајот по кој Ризе е познат, убавото време и глетките кои оставаат без здив, да ги одморат очите и душата.
Једиголер е сместен на планината Верџеник на југозападот на планинскиот ланец Качакар. До езерото, до дредена точка, може да се дојде со возила, а потоа треба да се пешачи. Земајќи го во предвид чиститот планински воздух, лековитите билки кои тука растат, но и животните, пешачењето станува здраво, лесно и забавно. Покрај тоа, жителите на црноморското приморје на кое и се наоѓа Ризе, познато е по љубовта кон музиката, па не е реткост патот до езерото да биде следен со песна и игра.
Посебната планинска атмосфера која опушта и оддалеченоста од градскиот метеж и загадениот воздух, но и ладната вода, се само мал дел од она што ова подрачје го нуди.
Многумина посетители се одлучуваат на кампување, прошетка на езерата со чамци, а има и похрабри кои сакаат сами да се уверат во ниската температура на водата на езерото.
Фотогррафите се одлучуваат да ја овековечат глетката која на кратко ги носи во речиси нестварниот мирен свет.
Реџеп Каја со мотоцикл шета низ планинните на Качакар, а во посета на езерата го носи и својот пријател од Велика Британија.
„Поставивме шатор и така кампувавме. Оние кои сакаат да го видат рајот на Земјата, треба да дојдат и да го видат ова подрачје", смета Каја.