Besar Ademi
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - БЕСАР АДЕМИ
Матка, тесниот кањон на течението на реката Треска, која се наоѓа 15 километри југозападно од Скопје, за кој се вели дека постојат околу илјада видови на растенијаја промени бојата на есента во жолта, портокалова и црвена, додека рефлексијата на сенката на дрвјата во вода му дава на овој регион дополнителен шарм кој ги фасцинира домашните и странските посетители.
Кањонот Матка кој исто така го карактеризираат две стрмни карпи, е најомилената дестинација на домашните посетители, и остава посебен впечаток кај странските туристи поради природната убавина. Аромата на растенијата од паднатите лисја и влажноста по должината на брегот на Матка, уште повеќе ја зголемува љубовта на љубителите во природните убавини.
Кањонот Матка се наоѓа во површина од 5 илјади хектари и во него може да се најдат многу ендемски видови на растенија и животни. Околу 20 отсто од растителните видови во овој кањон се сметат како ендемични или реликтни видови, додека треба да се наведе дека се идентификувани 77 видови на мали ендемични балкански пеперутки, од кои 18 се нови за науката.
Посебно внимание заслужуваат и десетици пештери кои достигнуваат должина од 20 до 176 метри, дел од кои се осветлени. Најпозната од нив е „Врело“, која беше номинирана во изборот за една од седумте светски чуда. Досега, оваа пештера е истражувана неколку пати, а според научните теории се претпоставува дека „Врело“ е длабока 330 метри и дека истовремено е најдлабоката подводна пештера во светот.
Различните камења, пукнатините и дупките биле формирани како резултат на долгорочните влијанија на планинските реки и големите промени на температурата.
Овој кањон останува како најпознатата дестинација за граѓаните и туристите. Ова место исто така се карактеризира со две стрмни карпи кои се високи околу 35 метри и се вистински предизвик за аплинистите.
Згора на тоа, ова место е домаќин на традиционалното натрпеварување во кајак, кое традиционално се одржува на реката Треска во пролет. Во оваа трка учествуваат десетина натпреварувачи од целиот Балкан.