Elena Teslova
03 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - Американскиот актер од филмовите со боречки вештини и режисер, Стивен Сигал, стана руски државјанин, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Русија, Владимир Путин ја потпишал одлуката со која на Сигал му се дава руско државјанство.
Одлуката е објавена на официјалната интернет-страница на Кремљ, додека портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков информираше дека Сигал подолг период има поднесено барање за руско државјанство.
Портпаролот Песков истакна дека Сигал го познава како човек кој ја почитува Русија.