Ekipa
09 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
САНКТ ПEТЕРБУРГ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека верува оти двете земји со овој, но и со идните чекори ќе влезат во поинаква фаза во односите, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес во палатата Константин во Санкт Петерсбург се сретна со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, првпат по соборувањето на рускиот авион во ноември минатата година.
Турскиот претседател за време на состанокот со Путин изјави дека регионот има политичи очекувања од Турција и Русија.
„Регионот има политички очекувања од нас. Верувам дека нашето солидаризирање ќе помогне во решавањето на регионалните прашања”, изјави Ердоган.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург, изјави дека верува оти Турција и Русија со овој и наредните чекори ќе влезат во многу поинаков процес и различна фаза во нивните односи.
"Верувам дека со овој но и со наредните чекори кои ќе ги направиме во иднина ќе влеземе во многу поразличен процес. Вашиот повик веднаш по државниот удар на 15 јуни, ја усреќи нашата делегација и нашата нација", рече Ердоган.
Ердоган по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека двете страни одлучиле меѓународните односи да ги вратат на претходното ниво.
„Двете страни се решени и ја покажаа потребната волја, меѓусебните односи повторно да ги вратат на претходното ниво, па дури и повеќе од тоа. Моето мислење е дека јавноста во двете земји од нас има такви очекувања. Во овој контекст, како резултат на денешната дискусија ние донесовме одлуки кои односите меѓу Турција и Русија повторно ќе ги вратат на очекуваното ниво во политичката, економската, културната и социјалната сфера”, рече Ердоган, говорејќи за односите меѓу Турција и Русија.
Тој нагласи дека е постигната согласност и во врска со формирањето на Турско-рускиот инвестициски фонд.
„На нуклеарната централа Акују ќе ѝ дадеме статус на стратешка инвестиција. Во таа насока преземаме чекори. Ние се усогласивме во врска со формирањето на Турско-рускиот инвестициски фонд. Ќе ја зајакнеме соработката во областа на воената индустрија. Позитивно гледаме и на формирањето на трилатералниот механизам меѓу Турција - Русија - Азербејџан во правец на разгледување на регионалните прашања”, рече Ердоган.