Enes Kaplan
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по терористичките напади во Брисел, рече: "Во овој тежок ден Турција е со Белгија. Нашиот народ, кој беше изложен на одвратни напади на различни терористички организации, длабоко ја чувствува и ја дели тагата со белгискиот народ", јавува Anadolu Agency (AA).
"По неодамнешните напади на ПКК во Анкара, потоа на ДАЕШ во Истанбул, кои резултираа со загинувањето на десетици луѓе, терористите кои сега за цел го имаа Брисел, уште еднаш покажаа дека не познаваат никаква хумана и морална вредност и никаква граница и дека не постои никаква разлика од еден на друг во однос на одвратните методи кои ги користат" ,рече претседателот Ердоган.
Според досегашните информации во терористичките напади кои се случија во главниот град на Белгија, Брисел, загинаа 34 лица,а повеќе од 130 се повредени.
Државната белгиска телевизија ВРТ, јави дека на метро-станицата загинаа 20, додека на аеродромот во Брисел 14 лица.
По нападите, нивото на опасност од терористички закани е дигнато на највисоко ниво, аеродромот во Брисел е евакуиран, сите летови се откажани а метро станиците се затворија.
Премиерот на Белгија, Шарл Мишел, во својата прва изјава по нападите, повика на смиреност и солидарност.
По нападите и многу европски земји ги подигнаа мерките за безбедност.