Elvır Hodzıc,Ahmet Nurduhan
05 Септември 2022•Ажурирај: 06 Септември 2022
САРАЕВО (АА)
- Елвир ХОЏИЌ
Граѓаните на Босна и Херцеговина се задоволни од официјалната посета на претседателот на Туркије (Турција) Реџеп Тајип Ердоган на нивната земја на 6 септември, и сметаат дека оваа посета ќе донесе мир во регионот, известува Агенција Анадолија (АА).
Жителите на Сараево со дописникот на Агенција Анадолија (АА) ги споделија своите мислења за посетата на претседателот Ердоган на нивната земја.
Истакнувајќи го задоволството од посетата на претседателот Ердоган и деловните луѓе од Туркије на Босна и Херцеговина на 6 септември, Изет Меџедовиќ рече: „Се разбира, јас сум среќен поради неговата посета и ова е важна ситуација. Ердоган со почит се пречекува во сите земји од регионот.“
Амар Караџиќ истакна дека претседателот Ердоган и добрите односи со Туркије можат да ги решат проблемите и соработката меѓу земјите од регионот и додаде: „Ердоган е многу значајна личност и неговата посета на Босна и Херцеговина, Србија и другите земји во регионот е многу важен за економијата и мирот.“
- „Ердоган е нашиот вистински пријател“
Салахудин Незировиќ нагласувајќи дека посетата на претседателот Ердоган е важна и за Босна и Херцеговина и за регионот, подвлече: „Треба добро да размислиме кој е наш пријател, а кој не е. Сите се однесуваат како наши пријатели, но всушност не се. Ердоган е нашиот вистински пријател.“
Хуснија Карариќ од Сараево истакна дека претседателот Ердоган е „вистински пријател“ на неговата земја и дека посетата ќе биде корисна за решавањето на многу проблеми на Балканот.