Onur Usta
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
ПАРИЗ (АА) – Франција на Кувајт му продала 30 хеликоптери од типот „ербас каракал“ во вредност од 1 милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Министерството за одбрана на Франција се вели дека бил потпишан договор на церемонија во Кувајт, на која присуствувале министрите за одбрана на двете држави. Договорот се однесувал на продажба на 30 хеликоптери „ербас каракал“ на кувајтската армија, во вредност од 1 милијарда долари.
Во соопштението исто така е наведена и изјавата на францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ле Дриан, каде што се вели: „Додека уште трае борбата со ДАЕШ во Ирак и во Сирија, Кувајт преку овој договор ја зајакнува стратешката соработка меѓу двете земји, која трае многу години“.
Покрај тоа, изјавата најавува дека доставата на хеликоптерите во Кувајт ќе започне по две и пол години. Последен пат, во април, Франција ѝ продаде 12 подморници на австралиската армија во износ од 34 милијарди евра.