Merve Yıldızalp
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
САНКТ ПЕТЕРСБУРГ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Турција и Русија заедно и постепено ќе ги направат потребните чекори за нормализација на односите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Повторното одржување состанок на Високиот совет за економска соработка, повторно воспоставување на чартер летови, укинување на мерки кои ја попречуваат трговијата меѓу нив, вклучително и земјоделството, отворање на вратата за турските претприемачи во Русија, повторно воспоставување на безвизен режим се прашања за кои ние заедно и постепено ќе ги направиме потребните чекори”, рече Ердоган.