Alaattin Doğru
30 Април 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
ПАРИЗ (АА) - Џамијата „Ибни Сина“, во градот Рен, северозападна Франција, по вторпат во рок од 20 дена е изложена на антиисламски и расистички напад, јавува Агенција Анадолија (АА).
На ѕидовите на џамијата синоќа биле напишани исламофобични изрази како „Французи, разбудете се!“, „Ве предупредивме дека имиграцијата убива“ и „Не за исламизација“.
Исламскиот совет на Франција, како и Координативниот комитет на турско-муслиманските здруженија во Франција, го осудија овој расистички и антиисламски напад врз џамијата.
Џамијата „Ибни Сина“ и на 11 април беше изложена на сличен напад, по кој францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, ја посети џамијата, нагласувајќи дека овие напишани изрази не се прифатливи.
Инаку, во Џамијата „Ар-рахма“ во францускиот град Нант, ноќта на 9 април беше подметнат пожар.