İdris Okuducu
10 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку 11 деца загинаа, а уште 10 се повредени во пожарот што изби во болницата „Јермук”, во ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Ирак, Ахмед ал-Редини потврди дека најмалку 11 деца загинаа, а 10 се повредени во пожар во породилното одделение на болницата „Јермук” во Багдад.
Причината за пожарот била неисправна електрична инсталација.
Редини додаде дека противпожарната екипа дошла на местото на настанот и со помош на силите за безбедност пожарот бил изгаснат. Спасени се 28 жени и седум бебиња.