Hakan Ceyhan Aydoğan
10 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
САНКТ ПЕТЕРСБУРГ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на бизнис-форумот на турски и руски бизнисмени, за време на својата посета на Русија, рече дека ќе продолжат големите проекти меѓу бизнисмените од двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Без застој продолжуваат големите проекти и инвестиции”, истакна турскиот претседател во Санкт Петерсбург.
Тој рече дека терористичката организација ФЕТО и силите што стојат зад овие организации сакаат да им наштетат на односите меѓу Турција и Русија.
Денес е многу појасно дека ФЕТО и силите што стојат зад нив имаа за цел да им наштетат на односите меѓу нашите земји", истакна Ердоган.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во обраќањето на руските и турските стопанственици рече дека Русија сака повторно да го достигне, па дури и да го надмине, нивото на економски и трговски односи со Турција што постоеше пред кризата предизвикана со соборувањето на рускиот авион.
„Мораме постепено да работиме за да го достигнеме нивото пред кризата”, рече Путин, додавајќи оти верува дека Русија и Турција ќе успеат во тоа.
Тој истакна дела турските компании на рускиот пазар во текот на претходните 20 години реализирале околу 1.500 проекти во вредност од 55 милијарди долари.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, престојуваше во посета на Руската Федерација. Тој во Санкт Петерсбург се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин, за првпат по соборувањето на рускиот авион во ноември минатата година, откако беше нарушен воздушниот простор на Турција.