Veli Çelik
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
НЕВШЕХИР (AA) - Заоѓањето на Сонцето над Кападокија, една од најпознатите туристички дестинации во Турција е атракција за голем број туристи кои го посетуваат еден од најубавите региони во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Традиционалното возење со балон во еден од најубавите региони во светот, Кападокија, туристичкиот центар во центарот на Турција, привлекува сѐ поголемо внимание на туристите.

Инаку, временските услови на тоа подрачје дозволуваат околу 300 дена годишно можност за возење со балон.
Покрај возењето со балони, туристите го следат и незаборавното заоѓање на Сонцето во овој дел на Турција.

Во Кападокија се спојуваат убавините на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите предели на светот.
Додека геолошките движења формирале бели самовилски оџаци, луѓето во текот на историјата оставале траги од своите цивилизации, градејќи куќи и претворајќи ги во ремек-дела на човековата цивилизација.