Aynur Ekiz
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата лидери разговараа за билатералните односи и укажаа на потребата за средба на турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, со француските колеги во што поскоро време.
Макрон изјави дека стабилноста на турската економија е важна и за Франција.
Лидерите, кои разговараа за економските и трговските односи помеѓу двете земји, истакнаа дека е многу важно да се зголемат инвестициите на двете земји.