АНКАРА (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ -
Понудувајќи ги дроновите „Камиказе“ за употреба на Турските вооружени сили, компанијата „Одбранбена технологија, инженеринг и трговија АД (СТМ)“ продолжува да работи на производството на напредна технологија и на нејзин извоз.
Компанијата „Одбранбена технологија, инженеринг и трговија АД (СТМ)“, која ги произведува дроновите „Камиказе“, за прв пат ги отвори вратите на кампусот во технопаркот „Остим“ за Агенцијата Анадолија (АА).
Поради разновидноста на производи во областа на автономните и тактичките системи и големата побарувачка за нив, капацитетите на компанијата станале недоволни. Компанијата со цел да го зголеми производствениот капацитет во кампусот во технопаркот „Остим“ зела нови простории под кирија.
- Производствена база на дроновите „Камиказе“ -
Тимот на инженери во кампусот главно работат на производство на тактички и автономни системи.
Во овој контекст, во палетата на производи на дроновите „Камиказе“ на компанијата се наоѓаат автономните дронови како што се „Тоган“, „Алпагу“ и „Каргу“. Исто така компанијата има инфраструктура за сериско производство на овие беспилотни летала.
Во објектот преземени се дополнителни мерки за заштита на здравјето на вработените од епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19. Се работи интензивно за нарачките на автономните дронови со ротационо крило „Каргу“, кои од неодамна влегоа во инвентарот на Турските вооружени сили.
Тестовите на сите верзии на „Каргу“ што се понудени за употреба во Турските вооружени сили се реализираат во согласност со стандардите за квалитет. Повратните информации од теренот и придобивките од производниот процес се користат за создавање на поефикасни дронови „Каргу“.
- „Каргу“ околу 1 година е користен од страна на Турските вооружени сили -
Компанијата прими над 500 нарачки за „Каргу“ од Турските вооружени сили. Нарачките ги доставува во помали количини, не сите 500 наеднаш.
„Каргу“ околу 1 година е користен од страна на Турските вооружени сили. Употребата на терен значително придонесе за неговиот развој. На тој начин е добиен дрон кој може да се користи под различни услови за широк спектар на потреби.
Целта е „Каргу“, кој покажа добри перформанси при употребата од Турските вооружени сили, во иднина да биде усовршен.
Компанијата СТМ, со дроновите „Каргу“, „Тоган“ и „Алпагу“, има за цел да го поддржи технолошкото ниво до кое стигна Турција во областа на дроновите и вооружените беспилотни летала.
- Групна формација на „Каргу“ ќе биде оперативна за 1-1,5 година -
Со напредните можности за компјутерска визија што ги поседува компанијата, првите тестови за групната формација на дронот „Каргу“ беа спроведени минатата година. Повеќе од 20 летала можеа да летаат во јато.
Студиите на оваа тема продолжуваат особено за подобрување на алгоритмите на јатото. Проектот за развој на независен автономен систем за навигација (KERKES) продолжува со цел да му овозможи на јатото дронови да функционира непречено во секое опкружување.
По завршувањето на овој проект, формацијата од дроновите „Каргу“ ќе биде оперативна за 1-1,5 година и ќе биде понудена за користење на Турските вооружени сили.
- „Каргу“ ќе биде интегриран во различни платформи -
Исто така, се вршат студии за интеграција на „Каргу“ во различни платформи.
„Каргу“, кој досега се користеше од страна на Турските вооружени сили и жандармеријата, во иднина ќе може да работи на разни платформи, на чело со морнарицата.
Исто така, се спроведуваат активности за да можат овие дронови да работат со оклопни копнени возила и автономни копнени системи.
- Наскоро успех во извозот -
По употребата од страна на Турските вооружени сили, на меѓународната сцена има голем интерес за дроновите „Каргу“. Претходно „Каргу“ учествуваше во тестови и испитувања во различни земји, каде што покажа добри резултати.
Во овој процес, „Каргу“ беше испитан во тропски, пустински климатски услови и покажа добри резултати.
Во тек се преговори со три земји за извоз на дронот. Разговорите на високо ниво спроведени со пријателските и братските земји на Турција во голема мера се созреани. Компанијата СТМ се очекува за кратко време да ги заврши преговорите и да го оствари својот прв успех во извозот во автономните системи.
Поради перформансите на „Каргу“ на теренот при употребата од Турските вооружени сили, се очекува и понатаму да се зголемува интересот во странство за овие дронови.