Gökhan Ergöçün
26 Ноември 2021•Ажурирај: 28 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Билатералната трговија меѓу Турција и Италија оваа година ќе надмине 20 милијарди долари, додека за пет години двете земји ќе го зголемат обемот на трговска размена на над 30 милијарди долари, изјави претседателот на италијанската Комора за трговија и индустрија, Ливио Манцини, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турските инвестиции во Италија постојано се зголемуваат бидејќи турските компании ја гледаат Италија како порта кон Европската Унија“, рече Манцини на конференција во Истанбул.
Тој рече дека италијанските бизниси, исто така бараат други синџири на снабдување освен Кина и „нема многу подобри алтернативи од Турција“.
„Италија ќе добие пакет-поддршка од ЕУ во вредност од 200 милијарди евра (225 милијарди долари), кој ќе ја оживее италијанската економија и ќе го зајакне нејзиниот увоз“, додаде официјалниот претставник.
Масимо Гајани, италијанскиот амбасадор во Анкара, ја пофали Турција велејќи дека е вистински позитивен партнер.
„Турција е навистина позитивен партнер. Постои вистинско чувство на доверба меѓу Италија и Турција во политиката и економијата“, изјави тој.