Behçet Alkan
19 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
НЕВШЕХИР (AA) – Црквите во Кападокија, познатата турска туристичка дестинација и фреските на нивните sидови со векови веќе ги воодушевуваат верниците, како и домашните и странските туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу десетини цркви на тоа подрачје треба да се издвојат Каранлик, Токали, Елмаил, чии sидови веќе со векови ги красат фрески. Овие стари цркви и до илјада години веќе подолг временски период ги привлекуваат верниците и туристите во музејот на отворено, Гореме.
На фреските од црквите до кои се доаѓа низ тунелите, бидејќи се сместени во стени, истакнати се портретите на Исус и Дева Марија.
Исто така, направени се и фрески на верските настани меѓу кои се истакнуваат Исусовото раѓање, последната вечера, како и свети Ѓеорѓи како се бори со змејот и портрети на другите светици кои штовани на подрачјето на Кападокија.
Директорот на Музејот Невшехир Мурат Ѓулјаз рече дека годишно црквите Каранлик, Токали и Елмаил годишно ги посетуваат 1,5 милион туристи.
Тој истакна дека фреските во црквите во Кападокија за хриситјаните се важни од верски аспект.
„Еден од најважните светци на Кападокија свети Василие образованието го стекнувал во Сирија, Египет и Грција, за да потоа се врати во родното место и тука се обидува да ги прошири христијанските доктрини", додаде Ѓулјаз.
Говорејќи за историјата и состојбата на црквите во стените рече дека три се многу добро сочувани и дека поради тоа се и многу посетени.
„Тешко е да се заштитат сликите на sидовите на овие цркви. Постои можност дури и да им штети здивот на посетителите. Во црквата Токали постои единствена сцена на светот. Станува збор за представување на животот на Исус од раѓањето па до смртта како на филмска трака", рече Ѓулјаз кој потсети дека е забрането да се фотографираат sидовите бидејќи тоа им штети на пигментите на сликите.
Особено големиот број туристи кои ги посетуваат трите спомнати цркви доаѓаат од Шпанија, Италија, Германија и Франција, но не треба да се занемарат ниту туристите од Кина и земјите од Блискиот исток.
Ѓулјаз додаде дека претходно се направени реставрации на црквите Елмаил и Каранлик, а а дека трае реставрацијата на црквата Токали.
Самит Чаваи (39) од Индија, вели дека е прв пат во Турција и дека е среќа што гледа дека фреските и по илјада години се сочувани.
Туристката од САД Лориан Забала Милис (60) рече дека кога ќе ги види фреските на sидовите на црквите има чувство да се вратила во времето кога настанале.