Behçet Alkan
24 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија, во општината Ѓореме, која се смета за една од најпопуларните туристички дестинации во Турција, минатата година ја посетиле 1,5 милиони туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Центарот за култура и туризам Невшехир, музеите и историските локалитети во Кападокија, каде што се спојуваат убавината на природата и историјата формирајќи еден од најубавите пејзажи во светот, минатата година беа посетени од 1.493.493 туристи.
Најмногу посетители, односно 510.115 покажале интерес и го посетиле музејот под отворено небо Ѓореме, во близина на истоимениот град. Според податоците, повеќето туристи, односно 226.348 доаѓаат во мај, а најмалку во јануари, односно 45.960.
Посебно доживување во Кападокија е возењето со балон, активност којашто согласно временските услови во оваа област, може да се изведува околу 300 дена во годината.
Во градот Ѓореме живеат 2.100 луѓе. Наутро се случува на небото да се забележат и до 100 балони.
Секој балон може да пренесува до 20 луѓе. Геолошките движења формирале бели самовилски оџаци, а луѓето низ историјата во Кападокија оставиле траги од сопствените цивилизации, градејќи куќи во карпите и претворајќи ги во ремек-дело на човековата цивилизација.