İzzet Mazi
24 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
КИЛИС (АА) - Турската жандармерија во Килис уапси снајперист на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Јавното обвинителство во Килис се наведува дека припадниците на жандармеријата спровеле антитерористичка акција во Елбејли, во близина на градот Килис.
Како што е наведено, во текот на акцијата е уапсен човек со зашиено десно око, покриено со превез.
За време на испитувањето, утврдено е дека И.M. е државјанин на Сирија кој заедно со своите двајца браќа Ј.M. и А.М. дејствувал како снајперист во терористичката организација ДЕАШ.
Исто така, утврдено е дека уапсениот терорист се здобил со повреда на десното око за време на судирите во сирискиот град Рака.
Криминалистичката обработка во турската жандармерија продолжува.